Поврзете се со нас

Свет

Одморот на Ибица се претвори во кошмар: Верати олеснет за неколку милиони во луксузната вила на Роналдо!

Објавено

на

Foto:psg.fr

Добар дел од светските познатите фудбалски ѕвезди ја избираат Ибица како идеална дестинација за полнење на батериите по напорната сезона, но истовремено тоа е добар „лов“ за крадците кои сега и тоа како се офајдиле од последниот грабеж кој го режирале.

Како што јавуваат шпанските медиуми повикувајќи се на информациите добиени од полицијата на Ибица, Марко Верати и неговата сопруга Џесика претрпеле милионска штета во една од најпознатите вили во овој регион, која интересно е во сопственост на легендарниот Луис Назарио де Лима Роналдо.

Верати ја изнајмил вилата на „Феноменот“ за да има иделно сместување за време на летниот одмор, но истиот нема да го памети по добро, бидејќи штетите кои ги јавуваат медиумите се навистина големи.

Крадците влегле во вилата додека немало никој во истата и непречено оперирале неколку часа, а според првите информации, висината на украдените работи заедно со пронајдените пари изнесува околу 3 милиони евра.

Грабежот е потврден од страна на локалната полиција, а „Диарио де Ибица“ информира дека ќе биде направена целосна истрага во обид да се дојде до крадците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни