Поврзете се со нас

НБА

Одмаздата се сервира ладна: Кари го прати Вашингтон на „спиење“ уште во третата четвртина (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/warriors

Пи Џеј Вашингтон ја имитираше прославата на Стеф Кари пред две седмици во победата која ја оствари Далас над Голден Стејт, но рано утрово играчот на Маверикс мораше да го трпи сеирот во лице од својот далеку поискусен ривал.

Кари беше навистина расположен за игра и го водеше својот Голден Стејт до сигурна победа над Далас, и тоа во ситуација кога не играше и одмораше цела четврта четвртина.

За три четвртини минати на паркетот, Кари запиша 30 поени и стана јасно дека победата останува во Сан Франциско, па Стеф до толку беше самоуверен во триумфот, што по една тројка реши да ги праќа Вашингтон и неговите соиграчи од Далас на предвремено „спиење“.

Ѕвездата на Голден Стејт се реваншираше и му подели и една пцовка на Вашингтон, а сето тоа со големо задоволство од непосредна близина го следеше и Џими Батлер.

Токму Џими беше втор најдобар поентер на „воините“ во победата од 126:102, бидејќи доскорешната ѕвезда на Мајами уфрли 18 поени.

НБА резултати:

Бостон Селтикс – Њујорк Никс 118:108
Голден Стејт Вориорс – Далас Маверикс 126:102
Индијана Пејсерс – ЛА Клиперс 129:111
Атланта Хокс – Детроит Пистонс 143:148
Милвоки – Мајами Хит 120:113
Орландо Меџик – Вашингтон Визардс 110:90
Торонто Репторс – Феникс Санс 127:109
Кливленд Кавалирс – Мемфис Гризлис 129:123
Њу Орлеанс Пеликанс – Сан Антонио Спарс 114:96
Минесота Тимбервулвс – Оклахома Тандер 123:130

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни