Поврзете се со нас

Олимписки игри

Одлука која донесе многу коментари: Дали Луис заслужи црвен картон за овој „старт“? (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентациите на Бразил и Брегот на Слоновата Коска одиграа без победник и без голови на денешниот меч од групата Д на Олимписките Игри во Токио.

„Кариоките“ важеа за фаворити на овој дуел, но тоа не го потврдија со тоа што мора да се каже дека во најголемиот дел од натпреварот играа со играч помалку затоа што во 13 минута исклучен беше Даглас Луис. Токму тој црвен картон донесе многу реакции, коментари од фановите кои сметаат дека членот на Астон Вила тоа не го заслужил.

Имено судијата Исмаил Елфатх прво му додели жолт картон за да потоа со ВАР се одлучи за директен црвен картон.

Дали играчот за врска тоа го заслужи проценете самите по оваа снимка во која репрезентативецот на БСК, Градел паѓа како покосен, а прашањето е каде е контактот, фаулот.

Кариоките во завршната рунда од групната фаза се соочуваат со Саудиска Атабија, додека африканците одат на мегдан со Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни