Англија
Одложеното дерби ни донесе малер на денот: Ја потрошил цела заштеда за да го гледа последното Мерсисајд дерби на „Гудисон парк“ (Фото)

Големото Мерсисајд дерби меѓу Евертон и Ливерпул кое беше закажано за денеска беше одложена поради пустошот кој го остава зад себе бурата „Дара“, а тоа донесе огромно незадоволство кај фановите, но најмногу кај еден од Австралија.
Австралиски фан на Евертон по име Мекензи Кинсела допатувал од Сиднеј во Ливерпул за да го гледа последното градско дерби на „Гудисон парк“, но невремето му ги расипа плановите и го направи малер на денот во Премиер лигата.
Младото 15-годишно момче ја потрошило цела заштеда за да пристигне на Мерсисајд дербито кое беше последно на „Гудисон парк“ во историјата (Евертон се сели на друг стадион во 2025-та година), меѓутоа природата имаше други планови и направи инвестираните 1.500 фунти да бидат залудни.
Наместо да биде на трибините, Мекензи се претвори во вирален хит поради приказната која ја пренесоа сите англиски таблоиди, па според нивни информации, Евертон како клуб ќе се погрижи да го утеши својот фан со некоја организирана средба во наредните неколку дена.
Со одложеното дерби требаше да отпочне саботниот натпреварувачки ден во Премиер лигата, па денеска на програмата ќе има само четири натпревари.
15-year-old Aussie Everton fan Mackenzie Kinsella’s £1,500 dream to see the last Goodison Merseyside derby shattered by Storm Darragh. Safety first, but heartbreak for fans worldwide. 🌪️💔 #MerseysideDerby #Everton #EVELIV#PremierLeague #StormDarragh pic.twitter.com/wYiLuLBgc8
— Sports Royal (@sportsroyal_gb) December 7, 2024
-
Македонија19 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија22 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 120 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА24 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Италија10 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)