Одлично засилување: Барселона го доведе најдобриот стрелец од АЦБ лигата

Edwin jackson

Каталонскиот гигант Барселона и покрај сериозните вложувања ги нема посакуваните резултати во досегашниот дел од актуелнава кампања, па падна одлука клубот да се засили на плејмејкерската позиција и тоа со францускиот интернационалец Едвин Џексон.

Ова за него ќе биде втор престој во овој табор, доаѓа како слободен играч откако расчисти со кинескиот тим Гуангдонг. Минатата кампања тој беше дел од Естудијантес и беше прв стрелец во АЦБ лигата со просек од 21,4 поени по натпревар. Поради овие број беше избран и во најдобрата петорка во најсилниот шпански шампионат. Претходно во Шпанија исто настапуваше за Уникаха или севкупно гледано има одиграно 86 натпревари со просек од 11, 8 кошеви.

Договорот е со важност до 30 јуни 2018 година.

Facebook Коментари