Одлично издание: Димитријевиќ двоцифрен против евролигашот Басконија

nenad

Македонскиот плејмејкер, Ненад Димитријевиќ се прикажа во одлично светло на денешниот првенствен меч и гостувањето на неговиот Хувентуд кај евролигашот Басконија.

Димитријевиќ доби 20 минути од тренерот Окампо, а нашиот ас врати со 11 поени (1/1 за еден, 5/6 за два, 0/4 за три), 1 скок, 1 асистенција и 1 украдена топка. Сепак овој ефект не беше доволен за да се спречи славје на фавориот кој во својот дом победи со 87-77 на крилјата на одличниот Шенгелија (19 поени).

Хувентуд по 7 кола има учинок од две победи и пет порази.

Facebook Коментари