Одличниот Ристовски не успеа да и донесе победа на Бенфика во големото португалско дерби

borko-benfika

Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски со својата Бенфика го претрпе првиот сезонски пораз во португалскиот шампионат и тоа во дерби пресметката против Спортинг кој славеше со 24-23.

Бенфика во најголемиот дел од средбата водеше и го контролираше резултатот, но во самиот финиш не го издржа притисокот и налетот на домаќинот кој славеше со погодокот на Руесга во последната минута од дуелот. Имено Борко и другарите на 9 минути на крајот имаа позитива од 21-18, но тука како да застанаа и му дозволија на домаќинот со серија од 6-2 да дојде до триумф во големото дерби.

Ристовски беше еден од најзабележителните актери на теренот, запиша 13 интервенции или 35 проценти на одбранети удари, меѓутоа во случајов не се покажа како доволно за поволен резултат.

Facebook Коментари