Поврзете се со нас

НБА

Одличниот Морант е дебитант на годината во НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Плејмејкерот на Мемфис Гризлис, Џа Морант е прогласен за дебитант на годината во НБА лигата.

Тој е вториот играч на Мемфис по Пау Гасол (2001-02) кој успеал да ја добие оваа награда во една сезона. Морант беше најдобар од сите новајлии во лигата, имаше учинок од 17, 6 поени, 6,9 асистенции и 49 проценти на шут од поле, па поради тоа воопшто не е изненадување што е руки на кампањата 2019/2020.

Вториот пик на драфтот во 2019 година доби вкупно 498 бодови од новинарите, медиумите со што далеку ги остави зад себе Кендрик Нан (Мајами Хит) со 204 поени и Зајон Вилијамсон од Њу Орлеанс Пеликанс кој заврши на третата позиција со 140 бодови.

Ова значи дека остануваа да се доделат само уште две награди, она за најкорисен играч или МВП како и за најдобар шести играч. Досега освен Џа признанија понесоа Брендон Инграм (играч со најголем напредок), Ник Нурс (тренер на годината) и Јание Адетокумбо (најдобар дефанзивец).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни