Одличниот Младеновски ја реши Рогашка

bube

Македонскиот центар, Љубомир Младеновски со својата Илирија ја запиша првата победа во новата фаза во словенечкиот шампионат.

Составот од Љубљана славеше над Рогашка со 84-79, а еден од најдобрите актери на теренот беше токму нашиот Младеновски. Репрезентативецот беше втор стрелец кај Илирија со 16 поени (Хукиќ даде 20 поени), собра 2 скока и беше најфаулираниот играч на теренот (9 прекршоци).

Единствениот минус му беа слободните фрлања притоа погодувајќи само 4 од вкупно 12 или само 33 проценти. Николиќ со 20 поени, 8 скокови и 3 асистенции пак беше најдобар играч во гостинскиот табор.

Facebook Коментари