Одличниот Миркуловски го предводеше Вецлар до победа кај Гумерзбах

Mirkulovski-3

Искусниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски го предводеше неговиот Вецлар до победа кај Гумерзбах од 24-19 во денешниот меч од Бундеслигата.

Гостите од „Ритал Арена“ одиграа одлично прво полувреме (15-9) со кое си ги отворија патот до триумфот, односно во вториот дел не му дозволија на противникот да се врати во игра. Миркуловски со пет погодоци беше втор стрелец кај Вецлар зад Чавор (шест голови), но со многу подобра реализација од црногорскиот бек. (5/7 наспроти 6/11).

Вецлар со учинок од 4 победи и седум порази е на 12 место на табелата со 8 бодови.

Facebook Коментари