Одличниот Ѓоргиев недоволен за бундеслигашко славје на Фридрихсхафен

fridrishafen

Македонскиот репрезентативец, Никола Ѓоргиев блескаше на дуелот против Нецхоперс, но таа негова партија не беше доволна за Фридрихсхафен да обезбеди победа пред домашните гледачи на мечот од 16. коло во Бундеслигата.

Домаќините загубија со 3-1 во сетови со што потврдија дека не се во најдобра форма во моментов, а тоа го говорат и трите порази на последните четири лигашки натпревари. Нашиот Ѓоргиев беше фантастичен и освои 23 поени, ама немаше соодветна поддршка од своите гледачи.

Токму капитенот на македонската репрезентација и Дирк Вестфал од противникот беа прогласени на најдобри играчи на оваа средба.

Фридрихсхафен со учинок од 10 победи и 6 порази е на 4 место на прволигашката табела.

Facebook Коментари