Поврзете се со нас

Свет

Одличниот Димитријевиќ славеше над Рајковиќ во македонското дерби во ВТБ лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru/

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ со Уникс Казањ славеше над ЦСКА Москва со 83:73 во дерби средбата во ВТБ лигата.

„Армејците“ ја добија првата сезонска пресметка со 79:66, но денеска актуелниот шампион го возврати ударот и тоа со славје на теренот на големиот ривал за пехарот.

Првиот дел му припадна на домаќинот со 42:34, ама по одморот далеку подобри на теренот беа избраниците на Велимир Перасовиќ кои со квалитетна игра на двете страни на теренот го свртеа резултатот и ја запишаа 20 сезонска победа.

Кулагин со 27 поени беше прв стрелец, веднаш до него беше Димитријевиќ кој уфрли 17 кошеви со 7 скока, 9 асистенции и 3 украдени топки. Кај ЦСКА на стратегот Емил Рајковиќ најефикасен беше плејмејкерот Вер со 16 поени.

ЦСКА со 22-4 е на првата позиција, Уникс со 20-6 е на второто место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни