Поврзете се со нас

Свет

Одличниот Димитриевски недоволен за славје на Синфин

Објавено

на

blank

Македонскиот интернационалец, Дарко Димитриевски одигра одлична партија во дресот на Синфин, но тоа негово квалитетно издание не беше наградено, заокружено со победа во пресметката против Сисне во АСОБАЛ лигата.

Домаќините на хартија важеа за благи фаворити, меѓутоа гостите имаа што да кажат на овој меч, па така двете екипи поделија по едно полувреме за конечни на крајот 24-24. Нашиот Димитревски беше прво име во редовите на Синфин со 6 голови од 7 обиди, на спротивната страна Бланко беше автор на 8 погодоци.

Ова за Дарко и соиграчите беше прв лигашки меч по еден месец пауза, со вкуно три бода се на 16 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни