Поврзете се со нас

НБА

Одлични вести за Лејкерс: Дејвис се враќа на терените, ќе заигра против Далас

Објавено

на

Актулениот шампион во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс по подолго време ќе може да смета на еден од најдобрите играчи во екипата Ентони Дејвис.

Дејвис беше во аут девет недели, но повредата е веќе зад него и тој ќе биде во комбинација за дуелот со Далас Маверикс кој се игра утре од 03:30 часот во Тексас. Со неговиот кам-бек „езерџиите“ дефинитивно ќе добијат на квалитет, цврстина, помош на двете страни на теренот со тоа што во првите две средби тој ќе има ограничена минутажа по 15 минути на теренот.

Лејкерс без Дејвис имаат учинок 14-16 (победи-порази) и паднаа од второто на петтото место на Западот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни