Поврзете се со нас

Италија

Одлични вести за „црвено-црните“: Донарума и Милан се блиску до нов договор

Објавено

на

Италијанскиот репрезентативец, Џанлуиџи Донарума е на добар пат да ја продолжи соработката со екипата на Милан.

Донарума уште како тинејџер застана на голот на „росонерите“ и со своите парти, настапи се наметна да биде број еден како во клубот така и во репрезентацијата. Неговиот актуелен договор истекува во јуни наредната година, но според „СпортМедијасет“ двете страни низ преговорите ги приближиле ставовите и може за кратко време да се официјализира новата соработка.

Според овој извор Донарума барал 8 милиони евра по сезона и нов тригодишен договор, додека Милан притиска за четиригодишна соработка која на голманот ќе му донесе по 7 милиони евра по сезона.

Разговорите течат, разликата е се помала и популарниот Џиџио може да стави потпис на новиот договор со што конечно би го затворил прашањето за неговата иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни