НБА
Одличната Оклахома го надигра и шампионот, „езерџиите“ паднаа во Тексас (ВИДЕО)
Оклахома Сити Тандер е најдобрата екипа на Западот во досегашниот тек на оваа сезона во НБА лигата, а дека овој тим е способен за големи работи потврди и победата над актуелниот првак Бостон Селтикс.
Тандер славеа со 105:92 и тоа во меч во кој примија дури 65 поени во првиот дел, но во продолжението одиграа страшна одбрана и го спуштија ривалот на само 27 поени за 24 минути што се покажа како пресудно за 30 сезонско славје или поточно со учинок 30-5 се само за нијанса послаби од составот со најдобар ефект во шампионатот Кливленд Кавалирс (31-4).
Лидер беше Гилџес-Александер со дабл-дабл од 33 поени и 11 скока, Вигинс беше зад него со 15 кошеви. Тејтум кај поразените имаше 26 поени со 10 остварени скока.
Лос Анџелес Лејкерс пак падна во Тексас против Хјустон Рокетс. Популарните „ракети“ триумфираа со 119:115 и тоа на крилјата на Грин со 33 поени, најголема поддршка му беше Томпсон со 23 поени и 16 скока.
На „езерџиите“ не им беше доволно и тоа што комплетната стартна петорка беше двоцифрена, а и 30 кошеви на центарот Дејвис.
РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Шарлот 115:105
Вашингтон – Њу Орлеанс 98:110
Орландо – Јута 92:105
Хјустон – Л.А. лејкерс 119:115
Голден стејт – Сакраменто 99:129
Оклахома-Бостон 105:92
-
Италија14 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства12 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија24 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Англија15 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија13 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Италија9 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Македонија12 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ го мина Федерер и обезбеди место во третото коло во Мелбурн, нова фуриозна партија на Алкарас