Поврзете се со нас

ВТА

Одличната Ѓорческа обезбеди место меѓу осумте најдобри во Италија

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја забележа втората победа и обезбеди билет за четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Трст што се игра на земјена подлога.

Ѓорческа денеска за ривал ја имаше Меланија Делаи, рекот кој со вајлда карта дојде до главниот дел на ждребот. Лина како осма носителка и фаворит го потврди статусот и со 2-0 по еден час и 27 минути игра дојде до место до осумте најдобри на овој турнир во Италија.

Првиот сет беше еднонасочна улица и тетовката славеше со 6-1 за да во вториот борбата биде далеку пожестока, ама Ѓорческа беше таа која го имаше последниот збор и со 7-5 го потврди триумфот кој во наредната фаза ја носи на дуел со подобриот од Нина Поточник (Словенија) и Чагла Бујукакчај (Турција).

Фјучерсот се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни