Поврзете се со нас

Шпанија

Одлична зделка на Атлетико: Чоло доби шпански репрезентативец за 30 милиони евра (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Робин Ле Норман вчера си постигна автогол и ја натера Шпанија да брка резултат против Грузија, но ако се исклучи малото невнимание, шпанскиот стопер имаше извонреден меч, исто како сите три претходни на досегашниот шампионат.

Ле Норман стекна голема популарност во Шпанија со своите изданија за Реал Сосиедад, а во моменти кога го слави пласманот во четвртфиналето на Европското првенство, пристигна една интересна вест поврзана за негов трансфер.

Угледните шпански медиуми и новинари информираат дека стоперот во новата сезона ќе ја замени Баскија со Мадрид, односно ќе ги брани боите на Атлетико.

Последните информации велат дека Атлетико Мадрид ќе добие фантастичен стопер за половина од сумата која е одредена во неговата откупна клаузула, откако двата клуба се договориле за размена на документи и комплетирање на целата зделка.

Чоло Симеоне ќе добие нов важен играч во срцето на одбраната за 30 милиони евра, откако стана јасно дека не смета на Сојунџу и Габриел Паулиста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни