Одбојка
Одлична вест за нашата одбојка: Македонија ќе биде домаќин на ЕП во 2023 година

Македонија ќе биде коорганизатор на Европското првенство во одбојка кое ќе се игра во 2023 година.
ЦЕВ ја прифати апликацијата на ОФМ, вест која првиот човек на Европската одбојкарска конфедерација, Александар Боричиќ денеска им ја соопшти на нашите водечки луѓе од федерација како и на премиерот Зоран Заев.
–Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Северна Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа, -истакна Боричиќ.
Ова воедно значи дека ќе го продолжиме континуитетот на големите натпреварувања, бевме дел од шампионатот во 2019 година кога забележавме голем триумф над Словенија, а годинава исто така ќе учествуваме на ЕП.
Добрата вест од ЦЕВ е предвесник на периодот предвиден за машката сениорска репрезентацијата која што наскоро ќе ги почне подготовките за настапот во Европската сребрена лига.
Првиот турнир од неа од 21-23 мај, како и завршниот на 5 и на 6.јуни ќе бидат одржани во салата „Парк“ во Струмица, а тоа ќе биде дополнителна предност во амбициите да се освои златниот медал.
Македонските одбојкари потоа ќе тренираат за учеството на Европското првенство во септември, а во меѓувреме ќе ги дознаат противниците во групната фаза и државата каде што ќе настапуваат. Коорганизатори на ЕП 2021 се Полска, Финска, Чешка и Естонија.
-
Македонијапред 3 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 19 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Мото ГПпред 19 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Англијапред 17 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
Англијапред 16 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата