Поврзете се со нас

Свет

Одлична увертира за Андоновски пред Олимписките Игри: Злато на престижниот турнир „She Believes Cup“

Објавено

на

blank

Македонскиот тренер кој во моментов работи како селектор на најдобрата женска репрезентација на САД, Влатко Андоновски има голема причина за радост откако стигна до трофејот во престижниот „She Believes Cup“.

На овој турнир Американките беа доминантни, а до четвртиот трофеј, втор последователен во ова натпреварување стигнаа по убедливата победа над Аргентина од 6:0.

САД заврши убедливо на првата позиција на табелата од четири репрезентации со максимални 12 поени и гол разлика од плус девет. Освен САД и Аргентина, на ова натпреварување учествуваа и Бразил кој заврши како второпласирана селекција, како и Канада која заврши на третото место.

Следен предизвик за Андоновски и неговите избранички ќе бидат Олимписките игри во Токио каде САД ќе бидат едни од главните фаворитки за златото.

Женската репрезентација на САД е најуспешната фудбалска репрезентација со освоени четири титули на Светските првенства и исто толку титули на Олимписките игри.

blank

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни