Одлична партија: Војдан прв стрелец против Лимож

vojdan

Најдобриот македонски кошаркар, Војдан Стојановски одигра одлично во вториот свој натпревар за Гравелин-Данкерк на гостувањето кај Лимож во првата француска лигата.

Бекот беше одличен на теренот и прв стрелец во својот тим со 16 поени на кои прододаде 6 скокови и 1 асистенција, меѓутоа гостите не успеаја да направат изненадување и на крајот загубија со 77-71.

Составот на Гравелин-Данкерк кој се наоѓа во зоната за испаѓање во следното коло има пеколно тешка задача на домашен терен против една од најсилните екипи во лигата Монако.

Facebook Коментари