Одлична партија на репрезентативецот: Манасков „леташе“, Веспрем победи

manaskov

Составот на Веспрем ја прекина лошата серија од три порази во низа (сите натпреварувања) и оствари победа во домашниот шампионат, победа во која главниот збор го имаше македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков.

Унгарскиот вицешампион како гостин славеше над Мезоковесди со 29-22. Веспрем ги доби во своја корист двете полувремиња (13-10, 16-12), а убедливо најдобар на теренот беше нашето летечко крило Манасков со седум постигнати голови.

Веспрем сега има учинок од пет победи и два порази со што е на петтото место на табелата.

Facebook Коментари