Поврзете се со нас

Свет

Одлична партија на крилото: Поповски меѓу најдобрите против Сент Гален

Објавено

на

Тимот на Амичитија Цирих по подолго време остана непоразен на мечевите во првата лига на Швајцарија, а за тоа голема заслуга има нашиот репрезентативец Мартин Поповски.

Десното крило одигра на високо ниво во пресметката против Сент Гален која заврши без победник 32-32. Поранешниот ракометар на Вардар и Пролет имаше одличен учинок и реализираше пет од неговите шест обиди за гол со што беше трет стрелец во својот табор.

Ова за Цирих е прв освоен бод по 17 декември кога со 30-29 беше совладана екипата на ТВ Ендинген. Со вкупно 5 поени Мартин и компанија се наоѓаат на 9 место на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни