Одлична партија на Димитријевиќ против евролигашот Валенсија

nenad dimitrijevic

Составот на Хувентуд не успеа да направи изненадување и вечерва претрпе пораз на гостуваањето кај евролигашот Валенсија со 102-81, но она што е позитивно за нас е одличната партија на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Нено доби шанса од клупата за резерви и за 26 минути на теренот реализираше 11 поени (втор стрелец во својот табор) со 4 скокови, 4 асистеции со што имаше најдобар учинок кај Хувентуд кога е во прашање индексот или вкупно 16 (исто толку имаше и Биргандер).

Прво име на средбата беше домашниот капитен Мартинез со 19 поени, 3 скокови и 7 асистенции.

Следната средба за Ненад и компанија е на 4 јануари на гостински терен против Естудиантес.

Facebook Коментари