Поврзете се со нас

Боречки спортови

Одличен настап на таеквондистите од „Хва Ранг ИТФ“ на престижен турнир во Бугарија

Објавено

на

Натпреварувачите на  Таеквон-до клубот “Хва Ранг ИТФ” од Лескоец, Охрид викендов учествуваа на Меѓународниот А  класа  Таеквондо ИТФ турнир “Бугарија Опен” кој се одржа во Пловдив.

Ова беше прв меѓународен  Таеквон-до ИТФ  натпревар во живо на овие простори после период од речиси две години. На овај натпревар учествуаваа околу 400 натпреварувачи од седум земји (Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, БиХ,Украина и Молдавија) при што беа донесени најдобрите поединци, за да ја проверат нивната форма , со надеж  да се учествува на Европското првенство доколку е се во ред, кое треба да се одржи од 25-31 октомври во Хераклион на Крит оваа година.

– Во текот на оваа пауза се трудевме да го одржиме натпреварувачкиот дух и добрата подготвеност на натпреварувачите, при што учествувавме на два онлајн натпревари. Иако немавме досега натпревари во живо, додека во некои држави веќе се одржуваа, сепак нашите натпреварувачи повторно дадоа се од себе и направија да се гордееме со нив, освојувајќи еден златен, два сребрени и шест бронзени медали. Искрено не се надевавме на ваков извонреден успех со оглед на квалитетот на натпреварот и учесниците на него.Настапивме со седум натпреварувачи кои се натпреваруваа во две дисциплини, форми (борба со замислен противник) и спаринг, а на истите најголемо изненадување беше Михаил Јоноски, кој зад себе има само неколку натпревари и уште е почетник , но го освои првото место во спаринг –борби, во категорија деца 11-13 годидини, -изјави тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски.

 

Освојувачи на медали се:

Михаил Јоноски, златен медал (спаринг- борби)

Христијана Парулеска, сребрен медал (спаринг- борби)

Никола Балчески, сребрен медал (спаринг-борби), бронзен медал (6-5 куп (зелен појас))

Давид Велковски, бронзен медал (спаринг-борби)

Божидар Димитријевиќ, бронзен медал (спаринг- борби), брозен медал (1 дан (црн појас) јуниори))

Давид Крстески, бронзен медал (1 дан (црн појас) јуниори))

Марио Крстески, брозен медал (2-1 куп (црвен појас))

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни