Одличен настап на крилото: Младиот Костески втор стрелец против Спартак Москва

PPD-SPA

Составот на ППД Загреб оствари победа на вечершаниот меч против Спартак Москва во СЕХА лигата, победа во која значајна улога имаше младиот македонски репрезентативец Ненад Костески.

Хрватскиот прволигаш славеше со убедливи 39-23 (21-8), а десното македонско крило беше втор стрелец кај победникот со пет голови (од осум обиди) зад Валентино Равниќ кој беше автор на осум погодоци. На спротивната страна најистакнат поединец беше Данила Сазонов со осум голови.

Ова за Загреб беше четврто славје во шестиот сезонски натпревар во СЕХА лигата.

Facebook Коментари