Одличен меч за напаѓачот: Алтипармаковски го „испука“ Тракаи (Видео)

Marjan Altiparmakovski

Македонскиот интернационалец, Марјан Алтипармаковски донесе победа за Судува на денешниот меч против Тракаи во првенството на Литванија.

Судува пред своите гледачи го совлада клубот кој летово се најде во центарот на македонката јавноста поради Шкендија (квалификации Лига Европа) и Вардар (случајот Максим Максимов) со убедливи 5-1, а битолчанецот даде два гола и запиша асистенција.

Ова за некогашниот напаѓач на Пелистер и Работнички беше трети погодок во шампионатот, а пак Судува со 35 бода е на третата позиција на табелата.

Facebook Коментари