Поврзете се со нас

ВТА

Одличен ден за Ѓорческа во Севилја: Две победи за следна фаза во сингл и дубл

Објавено

на

Лина Ѓорческа обезбеди две победи на денешниот натпреварувачки ден на тенискиот фјучрс во Севилја, со што ги продолжува настапите во сингл и во дубл конкуренција.

Во осминафиналето во сингл, Ѓорческа ја победи подобро рангираната италијанска тенисерка Мартина Ди Џузепе со 2:1 во сетови, во меч кој се играше речиси два часа.

Ѓорческа првиот сет го доби со убедливи 6:1, во вториот сет Ди Џузепе беше подобра со 6:4, но најдобрата македонска тенисерка беше убедлива и во третиот сет, кој заврши со резултат 6:1 за конечни 2:1.

Следна противничка на Лина ќе биде четвртата носителка Исабела Шиникова од Бугарија, на која интересно нашата тенисерка ќе и се спротивстави и во дубл.

Ѓорческа заедно со хрватската тенисерка Тена Лукас се пласираше во полуфиналето во игра на двојки, а по денешната победа над шпанскиот пар Луке/Лопез со 2:0 во сетови. Во следната рунда во дубл, Ѓорческа и Лукас ќе се соочат со парот Хогбарски/Шиникова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни