Одговорното тело со реакција по критиките за новото правило кое го остави Сити без победа

zesus

Манчестер Сити не успеа да го победи Тотенхем во премиерлигашката пресметка откако голот на Габриел Жезус беше поништен поради правилото кое беше воведено во фудбалот од 1. јуни.

Во акцијата Лапорт играше ненамерно со рака, па ВАР проверката значеше дефинитивно потврдување на ремито на „Итихад“. По ваквата судиска одлука, следуваа многу реакции и обвинувања дека ова правило е целосно непотребно, а во суштина гласи дека секое играње со рака кое резултира со гол или шанса ќе биде санкционирано.

Притисокот нема да донесе промени, а тоа го потврдија и од ИФАБ, одговорното тело за фудбалските правила.

– Правилата се јасни, повеќе се работи за нивното познавање и прифаќање, а никако за тоа дека сега ќе речеме ајде веднаш да го смениме правилото.

– Постојано следиме што се случува во фудбалот, ако сметаме дека нешто треба да се разгледа, секако ќе биде ставено на агендата и различните тела на ИФАБ ќе разговараат на таа тема, – изјавил Лукас Брад, портпаролот на ИФАБ.

Facebook Коментари