Одговорниот за ВАР во Бундеслигата отпуштен затоа што му помагал на еден клуб

shalke-penal

ВАР технологијата сезонава експериментално се употребува во германската Бундеслига, а како одговорен за проектот е поставен поранешниот судија Хелмут Круг.

Центарот за следење на натпреварите е поставен во Келн, а денеска Германската фудбалска федерација го променила Круг поради се почестите обвинувања дека влијаел на судиските одлуки во корист на еден клуб, односно Шалке 04 чиј навивач е.

„Билд“ отворено го нападна Круг тврдејќи дека два пати погрешно влијаел врз главниот судија на дуелот меѓу Волфзбург и Шалке кој досудил два пенали за екипата од Гелзенкирхен. Круг демантираше, но раководството на федерацијата го замени од досегашната позиција за да се избегнат нови реакции. Од друга страна, навивачите и фудбалската јавност бараат елиминација на ВАР технологијата бидејќи не им се допаѓа начинот на кој таа влијае на играта.

Facebook Коментари