Поврзете се со нас

Италија

Одговорниот човек за лекарскиот тим на „Артемио Франки“ откри како му бил спасен животот на Бове

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Едоардо Бове е во далеку постабилна состојба и се опоравува од колапсот кој го доживеа во неделата на дербито меѓу Фиорентина и Интер, натпревар кој експресно беше прекинат по немилата сцена која се случи на теренот.

Младиот играч за врска се струполи на земјата во раната фаза од мечот и фудбалерите на теренот експресно алармираа за шокантната сцена, а италијанските медиуми информираа дека клучна била реакцијата на лекарскиот тим кој успеал да го врати Бове во живот уште на „Артемио Франки“.

Новинарите од „чизмата“ стапија во контакт со Џовани Џини кој бил одговорен човек на целиот медицински тим во неделата, па со свои зборови долови како ги доживеале страшните моменти на теренот.

– Сите се потресени во такви ситуации, но ние мора да останеме мирни и да си ја вршиме работата. Добро знаевме што треба да направиме во таква ситуација. Како лекари, не смееме да бидеме понесени од емоциите, минаа само 30 секунди од паѓањето на фудбалерот, до нашето пристигнување на местото.

– Имавме два медицински тима на „Артемио Франки“, еден доктор со двајца спасувачи, и уште еден со тројца спасувачи. Кога докторот пристигна, најпрво му беа проверени виталните знаци на играчот, се провери дали е свесен и дали дише, а му беше проверен и ритамот на срцето. Заедно со докторите на Фиорентина беше одлучено дека експресно треба да биде испратен во болница.

– После четири минути, Едоардо веќе беше во амбулантно возило. Од паѓањето на теренот, па се до приемот во болница минаа само 13 минути. Моравме да го оживееме, полуавтоматскиот дефибрилатор беше вклучен за да му се врати нормалниот срцев ритам. Продолживме со тој третман се до пристигнувањето во болница, – открива човекот задолжен за медицинските случувања во неделата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни