Формула 1
Одговорите на Биното од отворената сесија со медиумите ги наговестуваат очекувањата за 2021 година

Крајот на сезоната беше одбележан со емотивни моменти во Ферари, при што Себастијан Фетел се збогуваше со своето „семејство“ во Маранело, а потоа следеа благодарниците од екипата и од Леклер до германскиот возач, за сосема на крајот да биде одработен и првиот работен ден на Карлос Саинц.
Притоа, на шпанскиот возач му беше организирана прошетка и запознавање со фабриката, а беше направено и неговото прво седиште, најверојатно за тестирањата на симулаторот.
– Бидете сигурни дека ќе бидам тука од почетокот на јануари со идеја да му помогнам на тимот да се придвижи во најдобрата насока. И да бидам искрен, едвај чекам,- рече Саинц.
Но, она што е многу поинтересно за медиумите е да дознаат кои се плановите на Ферари за враќање на врвот, откако оваа сезона завршија на разочарувачкото шесто место меѓу конструкторите (најлош пласман по 1980 година), а нивните возачи ретко добиваа шанса да се борат за поени. Иако не кажа ништо конкретно на отворената сесија со медиумите, тимскиот шеф Матија Биното меѓу редови откри дека Ферари ќе има што да соопшти во блиска иднина.
– Ова е најмладата возачка постава на Скудерија Ферари од 1968 година. Знам дека имаме двајца возачи кои се млади, но екстремно талентирани, а веќе имаат стекнато и извесно искуство. Ќе организираме различни промоции промоции пред следната сезона. Првиот настан ќе биде да се презентираме ние како тим, возачите, како на навивачите и на нашите партнери, така и на медиумите. Мислам дека тоа е можно да се случи многу рано, а потоа да организираме втор настан, можеби на претсезонките тестирања, и тоа ќе биде направено на поинаков начин,- рече Биното.
Ферари веќе објави дека болидот кој се викаше СФ1000 ќе биде реименуван во СФ21, иако во најголем дел болидот е „замрзнат“, односно шасијата ќе биде иста од 2020 година. Додека ова делумно се должи на правилата, истовремено може и да ја најавува интенцијата на Ферари да ги инвестира сите ресурси во изградбата на болид за 2022 година.
– Кога го прифативме „замрзнувањето“, како и одлагањето на новите правила за 2022 година, го направивме тоа со одговорност кон спортот и кон Формула 1. Тоа беше направено за да се намалат трошоците и да им се помогне на малите тимови, да се подобри оштата ситуација,- рече Биното, претходно укажувајќи дека веќе на зимските тестирања знаеле дека болидот не ги дава очекуваните перформанси, поради што чувствуваат одговорност кон компанијата.
Ферари во средина на сезоната направи реорганизација на својот инженерски оддел поради тоа што Биното уште лани од технички директор беше унапреден во тимски шеф, по отказот што му беше даден на Маурицио Аривабене. Симоне Реста кој претходно беше шеф на дизајнот, помина една година со Алфа Ромео и се врати во 2019 година во екипата, а сега е назначен за предводвик на дивизијата што ќе работи на болидот на Хаас за 2022 година. Енрико Кардиле кој ова лето беше именуван како директор на Дизвизијата за перформанси ќе ги преземе сите обврски.
– Нема да назначиме нов технички директор. По заминувањето на Симоне неговите обврски ќе бидат покриени од Енрико Кардиле, кој денеска е одговорен за сите нешта од областа на шасијата. Не ни е потребен човек кој ќе ги покрива позициите на сите оддели што ги имаме во Ферари, како што се одделот за моторот, или одделот за набавки. Сите задолженија на Симоне одат кај Енрико. Но, ако ме прашувате дали бараме нови луѓе да ни се приклучат и евентуално да ја засилат нашата организација, мислам дека тоа е нешто за што ние во Ферари секогаш сме отворени и без предрасуди. Треба да гледаме дали може да идентификуваме еден или повеќе луѓе кои ќе донесат нова вредност во Ферари.
На крајот, Биното без да сака да даде точна прогноза за 2021 година, вели дека продолжуваат со истиот тим кој претходно покажал резултати.
– Овој тим во последните пет години во четири наврати беше втор, а еднаш трет. Не сакам да кажам дека ќе бидеме втори или трети, но секако имаме капацитет да го направиме тоа. Во основа, сакаме да ги подобриме минатогодишните резултати,- вели Биното.
Летоска кога беше промовирана новата хиерархија, беше посочено дека одделот предводен од Енрико Кардиле ќе ги има искусните Рори Брн (шеф на аеродинамиката во Ферари од ерата на Михаел Шумахер) и Давид Санчез, како и дека тоа ќе биде темелот на развојот на болидот. Со тоа остануваат истите дизајнери на шасијата, со исклучок на Симоне Реста.

- Италијапред 22 часа
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 21 час
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 20 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 23 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 18 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 20 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 19 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 17 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч