Поврзете се со нас

Шпанија

Одговор вреден милион долари: Анчелоти откри по колку мастики џвака за време на еден натпревар, новинарот остана зачуден (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти со години наназад се справува со стресот и тензијата такашто џвака мастики за време на натпреварите, а едно од прашањата за кои никогаш нема дадено одговор му беше поставено токму пред големото финале во Лигата на шампиони.

Еду Агире од „Ел Чирингито“ доби шанса да му поставува интересни блиц прашања на искусниот италијански стручњак, кој покрај тоа што го посочи Пеп Гвардиола како најдобар тренер во светот, ја расветли и мистеријта поврзана за својата завист за време на натпреварите.

Иако делува максимално смирено додека го води тимот на најважните натпревари, кренатата веѓа на Карло и мастиките во неговата уста се она што привлекува најголемо внимание во тензичните моменти, па сега Агире го праша Анчелоти по колку мастики џвака во текот на 90 минути.

– Од 15 до 20, – откри Анчелоти, кој со својот одговор го зачуди и насмеа Еду Агире.

Додека беше тренер на Милан, Анчелоти често знаевме да го гледаме на клупата со запалена цигара во својата рака, но таа навика на Карло полека исчезна откако почна да гради сериозна интернационална кариера во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни