Поврзете се со нас

Англија

Одегард за „игрите“ што ги очекува од Порто: Главна работа е…

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал го загуби првиот меч против Порто во Лигата на шампионите, но вечерва во својот дом и пред своите навивачи ќе има можност за поправен испит, резултат кој ќе ги одведе меѓу осумте најдобри во најквалитетното натпреварување на стариот континент.

Премиерлигашот загуби со 1-0 во Португалија, резултат што не е недостижен и тоа многу добро го знае Мартин Одегард кој ги предупреди соиграчите за „игрите“ кои можат да се очекуваат од противникот, а тоа е да се троши времето и со тоа да се создава дополнителна нервоза.

-Во секој натпревар се случуваат толку многу различни работи. Оној натпревар [против Порто] беше тој каде топката беше многу надвор од игра, многу прекини старт, се отпочеток и сето тоа. Мислам дека тоа го видовте и против Брентфорд и мислам дека се справивме со тоа на брилијантен начин. Мислам дека тоа беше добар тренинг.

-Веќе на тој натпревар покажавме што научивме во Порто, се надеваме дека ќе го направиме тоа уште подобро денеска. Пред се, сакаме да ја играме нашата игра. Не сакаме да се фокусираме премногу на нив и на она што тие го прават. Сакаме да ја играме нашата игра и тоа е главната работа. Моравме да се справиме со многу различни ситуации, со многу губење време. Моравме да ги контролираме нашите емоции во текот на целиот натпревар и мислам дека го направивме тоа брилијантно, -порача капитенот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни