Поврзете се со нас

Англија

Одегард: Среќен сум во Арсенал, ама…

Објавено

на

Мартин Одегард во зимскиот предоден рок од Реал Мадрид премина во Арсенал каде одлично се снајде и веднаш се наметна во првата постава кај тренерот Микел Артета.

Во досегашниот дел настапи на 18 мечеви и даде 2 погодоци, но има голема, значајна улога во играта на екипата пред се во офанзивниот дел и поради тоа се почесто се поставува прашањето дали може да продолжи да го носи овој дрес и по крајот на сезоната.

Норвежанецот признава дека е среќен во Лондон, ама воедно и потенцира дека за неговата иднина се прашува Реал Мадрид со кого е обврзан до 2023 година.

-Среќен сум овде во Арсенал, ќе видиме што ќе се случи по крајот на сезоната. Јас сум во сопственост на Реал Мадрид, затоа мора да разговараме со нив. Важно е да разбереме што тие сакаат, -рече Мартин за „Скај Германија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни