Англија
Одегард пред дербито со Сити: Имаме дополнителна брзина што треба да ја искористиме

Денешната програма во англиската Премиер лига ќе биде затворена со дербито во Лондон меѓу Арсенал и Манчестер Сити, двете екипи кои најдобри во претходниве неколку сезони.
Се создаде големо ривалство, има енергија, набој и тоа се виде на првиот сезонски дуел во кој „граѓаните“ со гол во 98 избегнаа пораз на „Итихад“. Во фокусот тука беше Ерлинг Халанд кој имаше неспортска реакција кон Габриел по погодокот во завршницата, тука беа и неговите коментари, препирки со гостинскиот тренер Микел Артета, па ќе биде интересно да се види како ќе биде дочекан од публиката на „Емирејтс“.
-Тоа се нормални работи кога играте големи натпревари и кога има огромно ривалство. Се натпреварувате и го сакате најдоброто за вашиот тим и неизбежно е понекогаш да се појави тензија. Но, ние главно се познаваме и таквите работи остануваат на теренот. Во такви моменти сте многу емотивни и поради адреналинот може да дојде до расправија кога ќе го напуштите теренот. Сепак, не му придавам големо значење. Халанд е мој добар пријател и често се слушаме и со други соиграчи од репрезентацијата, но обично не зборуваме за фудбал, -рече капитенот на „топпчиите“ Мартин Одегард и додаде:
-Ние сме во добра позиција, но чувствувам дека имаме друга, дополнителна брзина. Се надевам дека, како и минатата сезона, ќе одиграме многу добро во завршницата на натпреварувачката година. Колку сме поблиску до трофејот, толку сме погладни и не сакаме тој повторно да ни се лизне, -порача Норвежанецот.
Дербито е закажано за терминот од 17:30 часот.
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Англија24 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони19 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…