Поврзете се со нас

Свет

Одегард посочи кој играч на Реал би го купил за Арсенал: Тоа е логичен избор

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Мартин Одегард направи голема промена во погледите кон фудбалот и реши да побара средина која ќе му овозможи играње во континуитет, па во таква ситуација се реши да си замине од клуб како Реал Мадрид.

Некогашниот норвешки вундеркинд се развиваше во младинската школа на Реал и повремено добиваше шанси за првиот тим, но откако стана јасно дека не може да игра во континуитет, својот пат го градеше со настапи зa Херенвен и Реал Сосиедад, пред да направи голем трансфер во Арсенал.

Преминот во Северен Лондон се покажа како полн погодок за офанзивниот фудбалер за врска, а судбината посака сега за првпат да ги вкрсти копјата со својот поранешен клуб, и тоа во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Одегард веќе го најави дербито против Реал и посочи дека со нетрпение го чека првиот натпревар на „Емирејтс“, но сега при враќањето во Норвешка, на домашните новинари им го посочи и играчот од Реал кој најмногу му се допаѓа.

– Ако можам да купам еден играч за Арселан од Реал? Веќе имам кажано дека најдобар играч во светот е Винисиус, па нормално е и логично да го донесам него, – кратко одговорил Одегард.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни