Поврзете се со нас

Англија

Одегард: Не можеме така да размислуваме…

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал ја оствари посакуваната цел и успеа да се пласира меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Порто се покажа како цврст, жилав противник во двомечот, но „топчиите“ на крајот сепак најдоа начин да извојат конечен триумф и тоа по ударите од 11 метри. Овој резултат дефинитивно донесе радост кај лидерот во Премиер лигата, но секако желбата е уште да се напредува без разлика кој да биде ривалот во четвртфиналето.

Имено капитенот Мартин Одегард запрашан за тоа дали има екипи кои сака да ги избегне во следната фаза, одговорот беше многу јасен и директен.

-Да бидам искрен, не можеме така да размислуваме. Ова е најголемиот турнир во светот и без разлика кој тим ќе го добиеме, ќе биде добра екипа. Само ќе го земеме тоа што ќе го добиеме и ќе се обидеме да победиме. Таму сакаме да бидеме. Сакаме да бидеме на најголемата сцена. Сакаме да ги играме најголемите натпревари и да се бориме за најголемите трофеи. Кога дојдов овде, верував во проектот, во клубот, во она што тие го правеа, во се околу клубот, верував во него – и сега добро ни оди. Треба само да продолжиме да се туркаме еден со друг и да се погрижиме секој ден да стануваме малку подобри. Ќе видиме каде ќе не однесе, -порача Одегард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни