Поврзете се со нас

Шпанија

Одегард има недовршена работа: Норвежанецот донесе одлука за својата иднина

Објавено

на

Мартин Одегард стана многу интересен за фудбалските клубови ширум Европа откако фудбалски се пронајде во Реал Сосиедад, што беше и за очекување откако младиот Норвежанец претходно се обидуваше да направи чекор напред во кариерата со неколку позајмици во други земји.

За Одегард, ова беше прво сериозно искуство во Примера и после неполна одиграна сезона може комотно да се заклучи дека одлично го положи испитот, до толку што и Милан се јави како клуб кој сака да го доведе на „Сан Сиро“, барем на позајмица. Судбината на Мартин е во рацете на Реал Мадрид кој планираше да ја прекине позајмицата и да го врати една година порано од предвиденото, но ако се суди според последната изјава на офанзивниот фудбалер, негова конечна одлука е да го доработи договорот со Сосиедад.

Одегард потпиша договор на двегодишна позајмица со Реал Сосиедад, а очигледно чувствува дека неговата работа во Сан Себастијан е недоработена ако не се исполнат преостанатите 12 месеци.

Покрај тоа, Одегард во Сосиедад има гарантиран статус на стартер, но пред се, и самиот тој има голема желба да игра со тимот во Лигата на шампионите.

– Наша цел по рестартот на сезоната ќе биде да се најдеме во Лигата на шампионите, односно да бидеме четврти на табелата. Тоа го сакаме сите. Лигата на шампионите е сон за секој играч, сите ние во Реал Сосиедад сакаме да ја доживееме Лигата на шампионите наредната сезона, – изјави Одегард, со што најави дека ќе побара дозвола од Реал Мадрид да го доработи договорот со баскијците.

Инаку, Норвежанецот се уште е многу млад и има само 21-година, па несомнено е дека во блиска иднина ќе добие и вистинска шанса во првиот тим на Реал Мадрид ако продолжи со последните изданија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни