Англија
Одегард дефинитивно го пропушта дербито со Тотенхем и оди на принудна пауза
Мартин Одегард заработи незгодна повреда на зглобот на дуелот меѓу Норвешка и Австрија од Лигата на нации, а денеска стана јасно колку отприлика ќе паузира фудбалерот на Арсенал.
Норвешкиот репрезентативец сигурно ќе го пропушти неделното градско дерби со Тотенхем, а нема да биде во комбинација за настап најмалку три недели, велат англиските медиуми.
Најновата информација е прогноза на првиот човек на лекарскиот тим на норвешката репрезентација, а позитивниот дел е што Одегард избегнал посериозна повреда на зглобот.
Трите недели пауза се неизбежни, но враќањето на Одегард ќе зависи и од реакцијата на неговиот зглоб по почетокот на полесните тренинзи, а засега е јасно дека тој нема да биде во комбинација и за натпреварите со Аталанта, Манчестер Сити и Лестер.
Менаџерот Микел Артета на лондонското дерби нема да смета и на Рајс и Мерино, а најверојатно и на Калафиори.
-
Англија23 часа
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Шпанија16 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Англија19 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ загуби сет, но закажа полуфинален дуел со својот „редовен пациент“
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)
-
Свет20 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Македонија17 часа
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
Италија16 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А