Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Одбраните на Митревски не беа доволни за позитивен резултат на Порто

Објавено

на

Никола Митревски имаше уште еден одличен настап во Лигата на шампионите, но тоа не беше доволно за позитивен резултат на неговиот Порто.

Португалскиот првак загуби од Веспрем (23:30), откако гостите уште на полувреме водеа со 10:16 и таа доминација ја задржаа и во вториот дел.

Митревски собрал 14 одбрани со 37,8% успешност, а расположен на спротивната страна беше и Родриго Коралес кој стигна до 18 одбрани и 43,7% успешност во своите интервенции.

Маргуч и Јахија со по 5 голови биле најефикасни во редовите на Веспрем, а кај Порто 6 пати реализирал Соуса.

За Порто ова е втор пораз сезонава во Лигата на шампионите, додека Веспрем има ефект 3-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни