Поврзете се со нас

Свет

Одбрани половина од ударите на противникот: Расположениот Митревски му донесе победа на Порто

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски со супер квалитетна партија ја одбележа победата на Порто над Гаиа во првата лига на Португалија.

Домашниот тим немаше проблеми и дојде до посакуваните три бода со резултат 32:20 (19:10). Играчите на Порто лесно го матираа противникот, ја наполнија неговата мрежа и сега имаат 39 бода исто како лидерот Спортинг.

Никола блескаше на голот, одбрани половина од ударите на противнико или поточно имаше 17 интервенции (од 35 удари).

Нареден меч за Македонецот и колегите е против актуелниот европски шампион Магдебург во рамките на 10. коло во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни