Поврзете се со нас

НБА

Одбраната на пилотот кој го управуваше „хеликоптерот на смртта“: Постои небрежност кај сите во леталото

Објавено

на

Ванеса Брајатн поднесе тужба против компанијата која го организираше кобниот лет на нејзиниот сопруг Коби и ќерката Џиџи, ужасна хеликоптерска несреќа во која животот го загубија вкупно девет лица.

Сопругата на легендарниот кошаркар пронајде доволно докази кои ја наведоа да се сомнева во негрижа и небрежност на луѓето кои биле задолжени за спроведување на целиот лет, а во обвинението се осудува и пилотот Ара Зобајан кој немал дозвола да лета во тешки услови какви што биле во дадениот момент.

Густата магла и неприлагодената брзина направија да се случи трагедија од шокантен размер, но додека Ванеса не сака јавно да дава одговори на прашањата поврзани за судската постапка, „Си-Ен-Ен“ излезе со своја ексклузива со документите кои ги доставила одбраната.

Истата е предводена од братот на пилотот, Берг Зобајан, кој пак вели дека вина имаат и сите присутни во хеликоптерот покрај Ара, бидејќи сите инсистирале на релаизирање на летот и покрај тоа што биле запознаени со сериозноста на ситуацијата.

– Нивната небрежност е значителен фактор во предизвикувањето на огромната штета. Не може одговорноста да ја сноси само еден, – се вели во дел од одбраната на пилотот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни