Поврзете се со нас

Италија

Одбраната на Јувентус честеше, Санчез му го донесе Суперкупот на Интер (Видео)

Објавено

на

Интер ја искористи големата грешка на одбраната на Јувентус во последните моменти од продолжението и славеше со 2:1 во италијанскиот Суперкуп.

Првиот трофеј на Симоне Инѕаги со Интер дојде по драматичниот финиш, во кој Алексис Санчез го постигна голот за 2:1 во 121. минута.

Лошата интервенција на Алекс Сандро им овозможи на домаќините да стигнат до голема шанса, а Чилеанецот ја претвори во гол за трофеј, односно освојување на италијанскиот Суперкуп.

Претходно, Јувентус поведе со голот на МекКени, додека Мартинез израмни од пенал, а тој резултат 1:1 остана до крајот на регуларното време, па мораше да се игра продолжение.

Интер си ја обезбеди победата без пенали и стигна до посакуваниот трофеј на својот стадион во Милано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни