Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Борко со една од најубавите одбрани од седмото коло во Лигата на шампионите(Видео)

Објавено

на

blank

Екипата на Вардар на домашен терен загуби од лидерот во групата A Кјелце со 33:29 во натпревар кој понуди возбудувања и неколку убави моменти.

Натпреварот против полскиот тим одлично започна за голманот на вардарци, Борко Ристовски кој врза две брзи одбрани, но за жал тука застана, па Кјелце до крајот на полувремето се одлепи на позитива од три погодоци.

Токму првата одбрана од оваа средба, кога Ристовски спречи зицер се најде во изборот на најубави одбрани во седмото коло од Лигата на шампионите.

ЕХФ ја рангираше одбраната на Борко на петтата позиција, додека потоа следеа уште неколку одлични одбрани на Кевин Мелер (Барселона), Алфредо Кинтања (Порто), Торбјорн Бергеруд (Фленсбург) и Владимир Цупара (Веспрем).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни