Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Одбра меѓу Дрогба и Линекер: Халанд даде гол и го прослави на посебен начин (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Ерлинг Халанд се најде во почетниот состав на Манчестер Сити за вечерашниот меч против Јанг Бојс во Лигата на шампионите и за 61 минута на теренот успеа да постигне два гола.

Со ова Норвежанецот си ја заврши својата работа, а притоа одговори на предизвикот кој му го зададе Дидие Дрогба за време на гала-вечерта за „Златната топка“.

Халанд најави промена на прославата откако беше избран за најдобар светски голгетер (Видео)

Дрогба побара од Халанд да направи избор, односно да се реши за неговата прослава или онаа на Гери Линекер. Голгетерот порача дека тоа ќе го направи при првата ситуација кога ќе даде гол, па така вечерва славеше како некогашниот ас на Челси и Олимпик Марсеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни