Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите загубија од Бугарија и на вториот меч во Скопје

Објавено

на

Одбојкарската репрезентација на Македонија претрепе уште еден пораз од Бугарија во двомечот кој беше дел од 44. издание на традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Нашиот национален тим вчера во Скопје загуби со 3-2, додека пак денеска резултатот беше 3-1 во сетови за источниот сосед. Македонските одбојкари одново одлично отворија и поведоа со 1-0 откако првиот сет го реализираа со 25:17.

Меѓутоа потоа на сцена стапија Бугарите кои со 18:25, 22:25 и 22:25 успеаа да направат пресврт, да победат и го освојат турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ кој се одржа во салата „Борис Трајковски“.

Алекасандар Љафтов со 17 поени беше наш најдобар одбојкар, еден помалку имаше капитенот Никола Ѓорѓиев.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни