Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите со истиот „рецепт“ до нова победа против Израел

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација издвојува победа над Израел од 3-1 во вториот натпревар од вториот турнир во Европската Сребрена лига.

Нашиот национален состав дојде до трумфот во Шлагелсе со истиот рецепт како во Струмица, односно го загуби воведниот сет (25-16) по што заигра многу подобро и го надигра противникот во продолжението.

Имено по многу многу борба Македонија го доби вториот сет со 32-30 за израмнување на 1-1, борба која продолжи и во третиот каде одново беше тесно, но нијансите, квалитетот беа на страните на четата на Матијашевиќ која со 31-29 дојде до водство на натпреварот.

Во завршниот „спартанците“ славеа со 25-23 и утре мирно ќе го дочекаат мечот со Кипар кој ќе биде последен пред завршниот турнир во ова натпреварување кое го играме на домашен терен.

Најдобар македонски одбојкар беше капитенот Никола Ѓоргиев со 21, исто толку на спротивната страна собра Давид Идо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни