Одбојка
Одбојкарите продолжија со својот традиционален ритуал по новиот историски успех и пласманот на ЕП (Видео)

Македонската спортска јавност може да биде горда на извонредниот раст кој го бележат нашите одбојкари во изминатите неколку години, кои оваа вечер одново успеаја да ги израдуваат љубителите на спортот во нашата земја со вториот историскит подвиг во краток временски интервал.
Популарните „спартанци“ денеска остварија голем резултат во „Борис Трајковски“ и ја надиграат фаворизираната Турција, на која истовремено и се реваншираа за поразот од пред неколку дена на првиот од двата предвидени квалификациски турнир во Скопје.
Македонија победи со 3:1 и на тој начин математички го обезбеди пласманот на Европското првенство како одлично пласирана втора селекција од квалификациските турнири, што ќе претставува втор континентален собир за нашите најдобри одбојкари кои веќе не претставуваа на европската сцена пред две години.
Капитенот Никола Ѓоргиев и Александар Љафтов беа убедливо најдобри во денешната победа со по 24 и 23 реализриани поени, но посебно радува фактот што нашите одбојкари навистина работат и живеат како едно, па по големиот успех, ја продолжија својата традиција и заиграа оро во стиховите на „Бисер балкански“ како најава за тоа што следни претстојното лето на Европското првенство.
Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК
-
Македонијапред 4 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 19 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 20 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
Англијапред 17 часа
Манчестер Јунајтед за десет милиони евра продава играч на ривал од Премиер лигата