Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите по голема борба загубија од Бугарија на првиот тест во Скопје

Објавено

на

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Бугарија со 3-2 во сетови во првиот контролен натпревар како дел од традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Избраниците на Никола Матијашевиќ во своја корист ги решија првите два сета, но потоа стигна одговорот од Бугарите кои со 25-20 и 25-14 ги добија наредните два за израмнување на 2-2 и решавачки петти сет.

Нашите одбојкари имаа три меч-топки во тајбрејкот, истите не ги искористија, па стигна казната и гостите од Бугарија со 19-17 се изборија за славје во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Најефикасен одбојкар во македонската репрезентација беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 25 поени (23 од напад и по еден блок и ас), двоцифрен беше и Љафтов со 11 поени.

Втората средба меѓу овие две репрезентации е закажана за утре од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни